• четврток, 09 мај 2024

Украина подобра од македонските одбојкари во Европската Златна лига

Украина подобра од македонските одбојкари во Европската Златна лига

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Украина со 0:3, по сетови 18:25, 24:26 и 23:25. Во вториот сет македонските одбојкари испушти предност од 20:14.

По шесте натпревари во Б-групата од Европската Златна лига, македонската репрезентација деби-учеството во ова натпреварување го завршува со две победи и четири порази.

 

Најефикасен на натпреварот беше Никола Ѓорѓиев со 15 поени освоени поени.

 

Шестото коло ќе биде комплетирано со вечерашниот натпревар Хрватска – Белгија. 

 

Украинците со максимални 18 бодови го освоија првото место и изборија пласман во плејофот. зс/

Остани поврзан