• недела, 07 јули 2024

Украина добива нова транша од ЕУ во износ од 1,5 милијарди евра

Украина добива нова транша од ЕУ во износ од 1,5 милијарди евра

Киев, 22 ноември 2023 (МИА) - Украина доби нова транша помош од Европската Унија во износ од 1,5 милијарди евра, соопшти украинското Министерство за финансии.

Досега оваа година, украинската влада има добиено 16,5 милијарди евра финансиска помош од ЕУ, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека се надева дека ќе добие уште една транша во декември.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во изјава објавена на „Икс“ го потврди доделувањето на траншата, пренесува Укринформ.

„Финансирањето од европската страна ја поддржа економската стабилност на Украина и јавните услуги од почетокот на војната со Русија. Денеска даваме уште 1,5 милијарди евра“, напиша Фон дер Лејен. Таа додаде дека финансиската поддршка на ЕУ за Украина во моментов изнесува 85 милијарди евра.

Претседателката на ЕК увери и дека поддршката за Украина ќе се зголеми, бидејќи Комисијата предложи до 2027 година на Украина да и бидат доделени 50 милијарди евра. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан