Украина ги соборила сите 17 руски дронови истрелани на нејзина територија
- Украинските сили ги соборија сите 17 беспилотни летала камикази лансирани од Русија синоќа, соопшти војската на Киев, цитирана од британските медиуми.
![Украина ги соборила сите 17 руски дронови истрелани на нејзина територија](https://new.mia.mk/images/20240407092632_big_730x400_69.webp )
Киев, 7 април 2024 (МИА) - Украинските сили ги соборија сите 17 беспилотни летала камикази лансирани од Русија синоќа, соопшти војската на Киев, цитирана од британските медиуми.
-Вечерва руските окупатори повторно ја нападнаа Украина, користејќи 17 нападни беспилотни летала. Украинските единици за воздушна одбрана го уништија секој од нив, објави украинскиот Генералштаб на Фејсбук. мс/
фото: МИА архива