• вторник, 26 ноември 2024

Укината забраната за тешки товарни возила на Тетово - Попова Шапка

Укината забраната за тешки товарни возила на Тетово - Попова Шапка
Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово - Попова Шапка е укината претпладнево во 11:30 часот,  информираат од ЈП „Македонија пат“. Претходно, во 10:00 часот претпладнево беше укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, а наместа има и остатоци од кашест снег на коловозот.  Поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.фф/лв/

Остани поврзан