• понеделник, 25 ноември 2024

УЕФА ги казни Мората и Родри

УЕФА ги казни Мората и Родри

Нион, 7 август 2024 (МИА) - Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги суспендираше на еден натпревар шпанските репрезентативци Родри и Алваро Мората поради нивното однесување за време на прославата на трофејот освоен на Евро 2024, објави прес-службата на организацијата.

Инцидентот се случи на 15 јули во Мадрид. За време на прославата на победата на Европското првенство, фудбалерите постојано ја извикуваа паролата „Гибралтар е Шпанија“. 

Во врска со ова, Фудбалскиот сојуз на Гибралтар поднесе жалба до УЕФА.

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Англија (2:1) во финалето на Европското првенство одржано пред два месеца во Германија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан