• среда, 18 декември 2024

Уапсен 22-годишен скопјанец, превезувал петмина мигранти од Сирија

Уапсен 22-годишен скопјанец, превезувал петмина мигранти од Сирија

Скопје, 17 март 2024 (МИА) - На регионалниот пат Демир Капија-Неготино денеска околу 5 часот полицијата уапсила 22-годишен скопјанец, кој превезувал петмина мигранти од Сирија.

Во акцијата, како што информираат од МВР, учествувале полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица и ПС за ГН Михајлово.

- М.А.(22) од Скопје не застанал на даден знак од полициски службеници, но по преземени мерки и активности, возилото „пежо“  е запрено, а М.А. лишен од слобода, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пројава до надлежното обвинителство. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан