Уапсени пет лица во Грција за предизвикување пожари
- Нема да запреме да ги истражуваме сите пожари, детално, еден по еден за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата и да ги платат последиците од нивните криминални дејствија, истакна министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас и посочи дека биле уапсени пет лица за предизвикување пожари, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 6 август 2024 (МИА) – Нема да запреме да ги истражуваме сите пожари, детално, еден по еден за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата и да ги платат последиците од нивните криминални дејствија, истакна министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас и посочи дека биле уапсени пет лица за предизвикување пожари, јави дописничката на МИА од Атина.
Кикиљас објасни дека денеска пред истражен судија бил изведен 66-годишен маж, уапсен поради предизивикување пожар со умисла во четирите пожари од 8 и 9 јуни во атинското предградие Вари, додека пак на 33-годишен маж му била одредена мерка притвор, откако беше уапсен исто така за предизвикување пожар со умисла пред една седмица.
Надлежниот грчки министер додаде дека вчера биле уапсени уште тројца мажи кои се обвинети дека при работа на отворено во неделата го предизвикале пожарот во централна Грција, што беше во близина на населено место.
- Новиот кривичен законик предвидува затворски казни до десет години за предизвикување пожар од небрежност, бидејќи делото веќе е кривично и до 20 години за подметнување пожар со умисла, истакна Кикиљас. ср/паг/
Фото: Архива МИА