• петок, 22 ноември 2024

Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка

Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници во текот на вчерашниот ден на гранични премини уапсиле две лица кои биле барани со потерници од Интерпол.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 12:45 часот вчера на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.К.(40) од Косово затоа што при  извршена проверка констатирано било дека евидира со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Австрија. З.К. се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Во вториот случај, вчера во 12:45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода И.К.(35) од Словачка, затоа што при извршена проверка било констатирано дека била барана од Интерпол–Словачка. Таа била предадена на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.фф/са/  

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан