• понеделник, 23 декември 2024

Турција ја презема командата на КФОР, нов командант генерал Улуташ

Турција ја презема командата на КФОР, нов командант генерал Улуташ

Приштина, 9 октомври 2023 (МИА) – Турција од денеска ја презема командата со мировните трупи на НАТО во Косово, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина.

Церемонијата на примопредавањето на командата се одржа во кампот Филм Сити во Приштина.

Нов командант на КФОР, 28. по ред од формирањето на мисијата во 1999 година, ќе биде генерал-мајор Озкан Улуташ.

Во изминатата година командата на КФОР ја имаше Италија, а командант во тој период беше генерал-мајор Анџело Микеле Ристучи.

На церемонијата присуствуваа министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечла, верски лидери и други високи државни личности, како и командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, адмирал Стјуарт Б. Мунш. иа/паг/

Остани поврзан