• четврток, 19 декември 2024

Турција повторно со обвинувања за САД

Турција повторно со обвинувања за САД
Анкара, 12 јуни 2020 (МИА) - Турција денеска ги обвини САД дека станале „сигурно пристаниште“ за членовите на мрежата на турскиот проповедник Фетулах Ѓулен, откако Вашингтон ја критикуваше пресудата за вработен во Конзулатот на САД во Истанбул. Судот во Истанбул вчера го осуди Мерин Топуз на осум години и девет месеци затвор бидејќи му помагал на Ѓулен при обидот за државен удар во 2016 година. Топуз во Конзулатот на САД работел како врска помеѓу американските власти и единиците на турската полиција за сузбивање на трговијата со дрога. Тој беше уапсен во 2017 година, а неговото кривично гонење предизвика тензии помеѓу Анкара и Вашингтон Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера ја критикуваше пресудата на Топуз. Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аској изјави дека лицата поврзани со Ѓулен се инфилтрирале во американската мисија во Турција и ги обвини властите на САД дека ги игнорираат барањата за екстрадиција на поединци поврзани со Ѓулен. - Загрижени сме дека САД станаа сигурно пристаниште за членовите на терористичката организација (на Ѓулен), истакна Аксој и упати апел до Вашингтон да го почитува независното турско судство. Ѓулен од 1999 година живее во САД, а според официјална Анкара тој е организатор на пучот. Група офицери на 15 јули 2016 година се обидоа да го соборат претседателот Ердоган. ми/

Остани поврзан