• петок, 22 ноември 2024

Турција: Експлозија во фабрика за пиротехника, блокирани 150 работници

Турција: Експлозија во фабрика за пиротехника, блокирани 150 работници
Анкара, 3 јули 2020 (МИА) - По серија експлозии во фабрика за пиротехнички средства во градот Хендек, во турската провинција Сакарија, повеќе од 150 работници останале блокирани под урнатините, а повредени се најмалку 56 лица. Засега нема информација за загинати лица. Гувернерот на провинцијата Четин Октај Кадирим изјави дека на местото на инцидентот веднаш се испратени спасувачки и медицински екипи, но поради зачестените експлозии не можат да интервенираат во фабриката. Експлозијата во Хендек се слушнала на далечина од десетина километри, објавија локалните медиуми. гт/

Остани поврзан