• недела, 30 јуни 2024

Турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор
Атина, 15 август 2022 (МИА) – На празникот Успение на Пресвета Богородица, два пара турски Ф-16 влегоа во FIR Атина (грчкиот воздушен простор) без да поднесат план за летање, го нарушија националниот воздушен простор, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, прелетите биле над три грчки острови на 23.000 и 27.000 стапки во рок од 14 минути, а во сите случаи, турските авиони биле препознаени и пресретнати од грчки воени авиони, согласно меѓународните правила и според стандардната тактика. ср/ Фото: АНА-МПА

Остани поврзан