• понеделник, 01 јули 2024

Зеленски го повика Западот да достави повеќе системи за воздушна одбрана на Украина

Зеленски го повика Западот да достави повеќе системи за воздушна одбрана на Украина

Киев, 30 јуни (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш го повика Западот да и достави на Украина повеќе системи за противвоздушна одбрана во период на тековното руско бомбардирање на украинските населби, јави ДПА.

Само во последната недела Русија фрлила 800 бомби за планирање над Украина, изјави Зеленски денеска во Киев. Тој објави видео со големи уништувања и пожари во регионите Херсон, Дњепропетровск, Одеса и Запорожје.

„На Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана. Ни треба силна поддршка од нашите партнери“, рече Зеленски.

Тој додаде дека на Украина и се потребни средства за соборување на руските бомбардери. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан