• среда, 04 декември 2024

Турк загрижен поради ескалација на насилството во Сирија

Турк загрижен поради ескалација на насилството во Сирија

Женева, 3 декември 2024 (МИА) – Високиот комесар на Обединети нации за човекови права Волкер Турк е загрижен поради ескалација на насилство во северозападна Сирија, изјави денеска неговиот портпарол Џереми Лоренс.

- Нашиот кабинет документираше серија екстремно вознемирувачки инциденти кои резултираа со голем број цивилни жртви, вклучително и голем број жени и деца, во нападите и од Хајат Тахрир ал-Шамс (ХТС) и од провладините сили, истакна Лоренс.

Борбите во Сирија почнаа на 27 ноември кога бунтовниците предводени од исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам го прекршија договорот за деескалација и ги нападнаа провинциите Алепо, Идлиб и Хама. Сириската армија возврати на нападот. Командата на сириската армија вчера соопшти дека изминатите дена ликвидирани се над 400 бунтовници.

Додека Сириската опсерваторија за човекови права вчера соопшти дека во борбите во северозападна Сирија загинале 514 луѓе, од кои 92 цивили. Според организацијата со седиште во Лондон, помеѓу загинатите 268 се бунтовници и 154 припадници на сириската армија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан