Туристичките потенцијали на Струга ќе бидат претставено на саемот во Белград
- Општина Струга ги повикува сите хотелиери, сопственици на пансиони, ресторани, туристички агенции, како и другите бизниси што работат во областа на туризмот и угостителството за учество на Меѓународниот саем за туризам во Белград, кој ќе се одржи од 19 до 22 овој месец.
Струга, 16 февруари 2026 (МИА) - Општина Струга ги повикува сите хотелиери, сопственици на пансиони, ресторани, туристички агенции, како и другите бизниси што работат во областа на туризмот и угостителството за учество на Меѓународниот саем за туризам во Белград, кој ќе се одржи од 19 до 22 овој месец.
Заинтересираните, како што наведува општинската прес-сужба, да достават промотивни материјали, кои ќе бидат изложени на штандот на Општина Струга, најдоцна до 17 февруари.
- Нашата цел е достоинствено промовирање на туристичката понуда на Струга и зголемување на соработката со регионалниот и меѓународниот пазар. Ве покануваме да бидете дел од ова заедничко претставување и да придонесете во промоцијата на туристичкиот потенцијал на нашиот град, соопшти Општина Струга.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија. сс/са/
Фото: Општина Струга