• сабота, 18 мај 2024

Тројца повредени, еден потешко, во напад со нож во Брисел

Тројца повредени, еден потешко, во напад со нож во Брисел

Брисел, 30 јануари 2023 (МИА) – Три лица се повредени, од кои едно потешко, во напад со нож денеска во Брисел на метро станица во близина на европските институции, соопшти белгиската полиција.

Нападот бил извршен на метро станицата „Шуман“, а соработката на неколку полициски служби овозможила брзо апсење на напаѓачот, објави на Твитер градоначалникот Филип Клосе.
 
Првично беше објавено дека е повредено само едно лице.
 
Засега остануваат непознати мотивите на напаѓачот, јавија белгиските медиуми.

Остани поврзан