• вторник, 24 декември 2024

Тројцата нови членови на Судскиот совет ќе дадат свечени изјави во Собранието

Тројцата нови членови на Судскиот совет ќе дадат свечени изјави во Собранието
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието. Судиите Радевска-Стефкова, Герасимовски и Николовски влегуваат во Судскиот совет, откако добија најголема поддршка од нивните колеги на спроведените избори на 14 септември. Тие ќе ги заменат тројцата досегашни членови на Судскиот совет, Киро Здравев, Гордана Спиреска и Зоран Теофилоски, кои заминаа во пензија.са/сст/

Остани поврзан