• среда, 03 јули 2024

Три меѓународни тениски турнири следниве 30 дена во Скопје

Три меѓународни тениски турнири следниве 30 дена во Скопје
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) - Во Скопје месеците  јуни и јули ќе бидат во знакот на професионалниот тенис. Повеќе од 100 професионални тенисери од целиот свет, ќе учествуваат на три интернационални ИТФ тениски натпревари кои ќе се одржат во македонската престолнина. Тениската федерација на Северна Македонија ќе биде организатор на професионален турнир за мажи со награден фонд од 25.000 долари во период 6 – 12 јуни и професионален турнир за мажи со награден фонд од 15.000 долари во период од 13 до 19 јуни. Во период од 4-10 јули ќе се одржи и Светското екипно првенство за Жени за регион Европа и Африка, група 3. Натпреварите ќе се одржуваат на терените на тенискиот клуб Југ. зс/

Остани поврзан