• петок, 27 декември 2024

Три лица убиени во пукотница во болница во САД, напаѓачот се самоубил

Три лица убиени во пукотница во болница во САД, напаѓачот се самоубил
Оклахома Сити, 2 јуни 2022 (МИА) - Најмалку три лица се убиени вчера во пукотница во болница во Тулса, во американската сојузна држава Оклахома, соопшти тамошната полиција, додавајќи дека напаѓачот е мртов. „Можеме да потврдиме дека четири лица се мртви, меѓу кои и напаѓачот, во пукотница во болницата Свети Францис“, објави локалната полиција на Твитер. Претходно од полицијата беше соопштено дека во текот на попладневните часови интервенирала кога маж со пушка влегол во зградата на болницата. „Полицијата во моментов врши увид во сите простории во зградата за да се елиминира можната закана“, беше посочено во соопштението, како и дека „повеќе луѓе се повредени“. Градскиот советник Џејм Фаулер за локална телевизија изјави дека напаѓачот се самоубил. Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден е известен за пукотницата, додавајќи дека внимателно се следи ситуацијата, а на локалните власти им била понудена секаква неопходна помош. Пукотницата во Оклахома се случува нешто повеќе од една седмица по масакрот во училиштето во Увалде во Тексас, каде што 18-годишник уби 19 деца и двајца учители. аб/

Остани поврзан