• понеделник, 23 декември 2024

Тринидад и Тобаго раскрстува со колонијализмот, следи промена на грбот

Тринидад и Тобаго раскрстува со колонијализмот, следи промена на грбот

Порт-оф-Спејн, 21 авгyст 2024 (МИА) - Властите на Тринидад и Тобаго најавија редизајн на државниот грб на оваа островска држава - првпат од нејзиното создавање во 1962 година. Целта е - да се отстранат симболите на европската колонизација. Премиерот на Републиката, Кит Раули најави дека грбот ќе биде преработен до крајот на септември.

- Тоа треба да покаже дека сме на пат да ги отстраниме колонијалистичките остатоци од нашиот Устав, нагласи Раули.

Во таа смисла, „трите брода на Кристофер Колумбо“ ќе бидат заменети со тамошиот познат ударен инструмент „стилпен“, којшто потекнува од источните острови на Карибите.  си/

Фото: Википедија

Остани поврзан