• вторник, 26 ноември 2024

Триесет и пет крвни единици обезбедени во крводарителска акција во Кавадарци 

Триесет и пет крвни единици обезбедени во крводарителска акција во Кавадарци 

Кавадарци, 10 септември 2024 (МИА) - Триесет и пет крвни единици беа обезбедени во денешната доброволна крводарителска акција во Кавадарци. Акцијата беше организирана од Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Кавадарци, а спроведена од тим на Институтот за трансфузиона медицина - Скопје.

-Даруваа 35 крводарители, хумани и секогаш солидарни луѓе. Посебно важно што треба да се истакне во организирањето и спроведувањето на акцијата, е сериозниот пристап на сите чинители за оваа хумана активност да биде повеќе од успешна. Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на територија на нашата земја, а со тоа и потребите на оваа драгоцена течност ќе бидат задоволени, нагласија од кавадаречкиот Црвен крст.

Оттаму изразија голема благодарност до сите учесници во акцијата, нагласувајќи дека крводарителите од Кавадарци и Росоман се секогаш на врвот по хуманост во државата. свд/ев/

ФОТО: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан