Трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Намалување на загадувањето, мерки сега“
- СООПШТЕНИЕ - Со завршување на изградбата на коритото на реката Серава и трим патеката, граѓаните на Бутел конечно добиваат место за рекреирање и чиста средина, рече Костовски.
Скопје, 8 декември 2024
Костовски: Со завршување на изградбата на коритото на реката Серава и трим патеката, граѓаните на Бутел конечно добиваат место за рекреирање и чиста средина
„Проблемот не е надминат со ЈП Комунална хигиена Скопје, секоја надлежност која ја има ова претпријатие на територија на Општина Бутел е евидентно дека е несоодветно реагирано од страна на јавното комунално претпријатие кое е надлежност под Град Скопје. Станува збор за сите главни улици кои припаѓаат на градот Скопје и сите контејнери кои се поставени на главните улици каде евидентно граѓаните забележуваат дека воопшто на време не се реагира од страна на комунална хигиена Скопје и навистина станува збор за депонии на самите главни улици“, истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски на денешната трибина на тема „Намалување на загадувањето, мерки сега“.
Костовски продолжи и додаде:
„Еден од првите проекти кои почнав да ги работам како градоначалник, првиот зафат беше чистење на коритото на реката „Серава“, но она што е многу важно да го посочам е дека имаме право како општина да ја чистиме реката само во оној дел каде што не е под ГУП, таму е наша надлежност, а секаде каде што има ГУП надлежност има Градот Скопје и во тој дел не е пипната реката да се чисти“, рече Костовски.
Костовски посочи дека конечно граѓаните на Бутел ќе добијат вистинско место за рекреирање и додаде:
„Во делот каде имавме ние надлежност уште во првиот месец кога станав градоначалник почнавме да ја чистиме реката „Серава“, тоа беше во пределот на Радишани но, не сакав сето тоа да застане таму само да ја исчистиме, туку имав идеја да реализираме еден проект кој беше 30 години наназад ветуван од било кој градоначалник а, тоа е изградба на ново убаво корито на реката „Серава“ и регулирање во пределот на Радишани. Веднаш потоа откако ќе се изгради тоа корито да почнеме да градиме и трим патека и да ја реализираме таа трим патека, станува збор некаде за површина 8,000 м2 во пределот Радишани каде се гради коритото. Овие две работи се реалност, коритото е во финална фаза, веќе се привршува, со проектите од Владата, последниот конкурс кој го имаше кон општините добивме проекти за изградба на трим патека, така да ќе финализираме и со коритото и со трим патеката некаде на пролет“, дециден е Костовски.
Марковска Илиевска: Нереализираните проекти за намалување на загадувањето се резултат на неспособното менаџирање на Арсовска
На денешната панел дискусија на тема „Намалување на загадувањето, мерки сега“ присуствуваше советничката на Советот на Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска која нагласи дека градот Скопје во најголем дел треба да ги реализира одлуките согласно програмите кои што се носат преку Советот но сепак и покрај интересот и волјата тие не се реализирани а за тоа најголеми сведоци се граѓаните.
„Јавноста го знае тоа, во секојдневието ги трпи сите тие пропусти или неспособност на градоначалникот затоа што Советот носи одлуки меѓутоа градоначалникот и градот Скопје ги реализира“, рече Марковска Илиевска.
Марковска Илиевска нагласи дека службениот гласник на Град Скопје во најголема мера содржи донации за садници, како и ги наведе мерките за спречување на загадениот воздух.
„Ако го погледнете службениот гласник на Град Скопје ќе видите дека најголем дел се донации за садници најчесто се од приватни компании, но и донесени се одлуки за субвенционирање на домаќинствата на Град Скопје за чистење оџаци како една од мерките, понатаму субвенционирање на инвертер клими, субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети, оваа година немаме меѓутоа во изминатите две години имаше такви одлуки“, објасни Марковска Илиевска.
Советничката исто така потенцираше дека и многу малку е сторено и покрај добрата стратегија планирана во периодот од 2024-2034 година каде што во делот на зазеленување имало испланирано одлични можности и изрази надеж дека оваа ситуација со градот Скопје ќе биде променета по истекот на мандатот на сегашната градоначалничка.
„Колку што јас имам информација, а верувајте дека никој не ни дава извештај од кога ќе се донесе одлука во градот Скопје јавните претпријатија даваат извештаи меѓутоа пак ќе кажам од јавноста колку што се информираме, од јавните соопштенија и од медиумите јавноста така се информира значи ние исто како и јавноста и советниците кои ги носат одлуките на тој начин се информираме и можам да кажам дека многу малку е сторено во делот на зазеленување иако имаше добра стратегија десет годишна од 2024 до 2034 за развој каде што во делот на зазеленување има испланирано одлични можности да градот Скопје дише повторно да имаме чист воздух, зелени површини и повеќе кислород. Се надевам дека во иднина ова ќе се корегира доколку го управува друго лице градот Скопје бидејќи со ова управување, со оваа градоначалничка досега не се направени доволно проекти кои што биле испланирани“, децидна е Марковска Илиевска.
Димитровски: Решавањето на проблемот со загадувањето се решава мултисекторски, сите сектори во управување на државата се вклучени за решавање на овој проблем
„За да почнеме да ги решаваме прашањата значајно е да ги идентификуваме кој се причините за ова загадување и ако со нешто може да се идентификува денес е дека генерално поголем дел од чинителите сметаат дека тие не се загадувачи. Треба да си ја преземе секој својата одговорност и секој да го сработи својот дел од прашањето“, истакна Даме Димитровски од Машински факултет УКИМ на денешната трибина на тема „Намалување на загадувањето, мерки сега“.
Димитровски продолжи и додаде:
„Загадувањето на воздухот во Скопје потекнува од многу извори меѓу кои затоплување на домаќинствата, индустриски процеси кои користат генерално цврсти горива, тежок транспорт кој користи дизел горива, ре-емисија на честичките од нехигиена на улиците и многу други“, вели Димитровски.
Димитровски посочи дека проблемот со загадувањето се решава мултисекторски.
„Решавањето на проблемот не може да се среди со една одлука или со еден акт или еден човек да го води процесот. Тоа мора да се реши мултисекторски, секој да си го земе својот дел од товарот“, вели Димитровски.
Димитровски истакна дека сите сектори во управување на државата се вклучени за решавање на овој проблем.
„Голем дел од тоа што треба да се сработи е идентификувано во една листа на 20-тина програми и во таа листа на програми се чинители на општини, министерство за енергетика, министерство за животна средина, министерство за земјоделие. Значи сите сектори во управување на државата се вклучени за овој проблем да почнат да го решаваат“, укажа Димитровски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ