• понеделник, 23 декември 2024

Трибина „Големи приказни од мали земји“ и средба со писателката Зејнеп Севде - дел од денешната програма на „Литера“

Трибина „Големи приказни од мали земји“ и средба со писателката Зејнеп Севде - дел од денешната програма на „Литера“

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Во рамки на шестото издание на Меѓународен фестивал за литература и илустрација „Литера“, денеска во Младинскиот културен центар ќе се одржи мастерклас посветен на Гизем Ѓозде Учар, наменета за илустратори и студенти, а подоцна ќе следува и средба со писателката за деца Зејнеп Севде од Турција.

Како што е најавено од организаторите, во 13 часот авторката Александра Тодоровиќ ќе одржи две работилници со наслов „Мистериозниот град под калето“, наменети за деца од осум до десет години. Ќе следува работилница за 2Д-анимација.

Во попладневните часови, во „Експо зоната“ на фестивалот, авторот Никола Маџиров ќе се сретне со својата публика и ќе разговара за неговата прва книга за деца - „Рокчето“.

Во 18 часот следуваат две работилници за деца. Едната е на тема „Летаме заедно со Бони и неговата волшебна торба“ со специјален едукатор и рехабилитатор м-р Катерина Димова во Креативниот корнер на фестивалот, а другата, во организација на „Арс ламина“ е работилница инспирирана од серијалите „Мирабела“ и „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер.

-Во секое издание на „Литера“ организираме и тркалезни маси на одредена тема што е важна за издаваштвото за деца и за илустрацијата. Овојпат во 19 часот ќе разговараме на темата „Големи приказни од мали земји“. Трибината ќе ја модерира Сребра Ѓорѓијевска, а учествуваат: Никола Маџиров, Јулијана Величковска, Живко Грозданоски и Гоце Наумов. Веднаш потоа, од 20 часот во рамките на ОФФ програмата на фестивалот следува креативна работилница за возрасни, што ќе ја види актерката Ангела Стојановска, соопштија организаторите.

 Меѓународен фестивал за литература и илустрација „Литера“ беше отворен синоќа во Младинскиот културен центар во Скопје.бт/дма/

Фото: плакат

 

Остани поврзан