• недела, 07 јули 2024

Третиот „Патриот“ од Германија пристигна во Украина

Третиот „Патриот“ од Германија пристигна во Украина

Киев, 5 јули 2024 (МИА) – Третиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ што го вети Германија веќе е во Украина, соопшти денеска германскиот амбасадор во Киев, Мартин Јегер.

- Во текот на последните месеци, украински тим успешно ја заврши обуката во Германија, објави Јегер на X.

Берлин го вети тоа уште во април како одговор на повиците на Киев за дополнителна противвоздушна одбрана.

Украина се соочува со сè поинтензивни руски воздушни напади во изминатите месеци, кои нанесоа тежок удар на енергетската инфраструктура на земјата.

Покрај најновата испорака, Украина користи најмалку три системи Патриот, еден испорачан од САД и два од Германија. Холандија испорача неколку лансери Патриот и вети дека ќе испорача целосен систем во соработка со друга земја. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан