• понеделник, 04 ноември 2024

Тренчевска: Преку зајакнувањето на дијалогот со сите чинители за користење на ИПА фондовите, до поголеми придобивки за граѓаните

Тренчевска: Преку зајакнувањето на дијалогот со сите чинители за користење на ИПА фондовите, до поголеми придобивки за граѓаните
Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на првиот министерски координативен состанок воден од вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор Бојан Маричиќ, каде беше потврдена посветеноста во процесот на програмирање и користење на ИПА фондовите. На состанокот се разговараше за важноста на секторските работни групи, формирани за потребите на ИПА и нивното прераснување во форум кој треба да обезбеди оддржливо и долгорочно планирање на националните приоритети во координација со сите чинители. Министерката Тренчевска информираше дека МТСП претседава со две секторски работни групи „Образование, вработување и социјална политика”, која се координира заедно со Министерството за образование и наука и „Интеграција на Роми“ . Беше најавена консолидација на двете групи и прашањата на интеграцијата на Ромите ќе продолжи да се разгледува во рамки на групата „Образование, вработување и социјална политика“. Тренчевска го најави и почетокот на програмскиот циклус за ИПА 2023/2024, што како што рече, ја наметнува и потребата од мобилизирање на секторските работни групи. -Во таа насока, заедно со министерот за образование и наука, Шаќири го договоривме и првиот состанок на секторската група  на која ќе ги претставиме и ќе отвориме дискусија за среднорочните приоритети во областите вработување, социјална политика, детска заштита и родова еднаквост и недискриминација, како и Роми. Состанокот е прилика да  упатиме и јасна порака до сите чинители за нашите очекувања за учество, придонес и споделување на информации и одговорности по однос на приоритетите, рече Тренчевска. Министерката информираше дека во насока на зајакнување на механизмот на координација на сите чинители, а посебно со донаторите е развиена едноставна софтверска алатка за прибирање информации за активностите на разните чинители во областите вработување, социјална заштита и Роми. Таа ќе послужи и за мапирање на чинителите, но и за мапирање на интервенциите во пооделните области. Таа посочи дека секторите и институциите за подготовка на Акциските фишеа за ИПА 2013/2024, се мобилизирани.  Во текот на март и април ќе бидат спроведени и консултации со сите заинтересирани страни со цел да се обезбеди подобра координација и да се развијат релевантни проекти.бт/лв/

Остани поврзан