• петок, 22 ноември 2024

Тренчевска: Мојата главна грижа е фондот да биде стабилен, целта е секој пензионер да ја добие пензијата навремено и редовно

Тренчевска: Мојата главна грижа е фондот да биде стабилен, целта е секој пензионер да ја добие пензијата навремено и редовно

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на утринската емисија на телевизија Алфа зборуваше за покачувањето на пензиите согласно новата методологија за раст на пензиите и за финансиската поддршка од изминатиот период за најранливата категорија на пензионери.

-Во моментот 13. 200 денари е најниската пензија. До септември оваа година имаме покачување од 24 отсто, додека во изминатиот период согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани беше исплатена материјална поддршка за 4 месеци од 1.500 денари за пензиите од 11.525 денари и по 750 за пензиите од 11.526 до 14.000 денари, рече Тренчевска.

Министерката, во однос на прашањата за барањата на пензионерите посочи дека јавноста и дел од пензионерите со повисоки примања не треба да ја злоупотребуваат ранливоста на пензионерите со најниски пензии за политички поени.

За време на утринската емисија беше отворена и темата за правата од социјална заштита и начинот на кој што граѓаните ги остваруваат правата.

-Заедно со Светска Банка работиме на нов софтвер интероперабилност кој ќе служи за полесно прибирањето на документацијата. Ова особено ќе биде значајно за најранливите категории на граѓани, со овој софтвер ќе можеме да ги влечиме информациите по службен пат и со тоа ќе се поедностави начинот на добивање на правата, истакна Тренчевска.

Министерката објасни дека софтверот ќе придонесе кон превенирање на злоупотреба на добивање на правата од социјална заштита и, воедно, ќе им го олесни пристапот на граѓаните. љм/са/

Фото: МТСП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан