• петок, 22 ноември 2024

Тренчевска: Заедно продолжуваме да се залагаме за поголема вклученост на ромската заедница во општеството

Тренчевска: Заедно продолжуваме да се залагаме за поголема вклученост на ромската заедница во општеството
Скопје, 7 април 2022 (МИА) - Човековите права, еднаквоста и недискриминацијата се високо поставени на агендата на Владата и Министерството за труд и социјална политика. Создаваме едно општество за сите. Општество во кое секој граѓанин во државата ќе ги ужива своите човекови права, соопшти  министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во своето обраќање преку видео порака, на заеднички настан на општина Струмица и РОМАКТЕД Програмата во пресрет на 8 Април -Меѓународниот ден на Ромите. Како што информира Министерството за труд и социјална политика, согласно Програмата на Владата 2022-2024 година и Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година првпат се воведува квота од 5 отсто за опфатеност на Роми во сите активни програми и мерки со што се овозможува нивно поголемо вклучување на пазарот на труд. -Исполнувањето на еден од приоритетите и дел од Програмата на Владата претставува усвојувањето на новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030, со која што се предвидени, политики и мерки со кои што се создаваат поголеми можности за инклузија за Ромите во сите општествени текови, рече Тренчевска. Таа изрази благодарност до РОМАКТЕД Програмата, како заедничка програма на  Советот на ЕУ и Европската Унија, која освен национално има и локално значење бидејќи е Програма која предвидува активности за ромската заедница  и на локално ниво. -Заедно продолжуваме да се залагаме и имплементираме политики, преточени во реални решенија кои придонесуваат за поголема правичност, еднаков пристап до ресурси, поголем пристап до здравство, образование, социјална заштита, вработување, домување и вклученост на Ромите во нашето општество. Нека е честит Денот на Ромите - 8 Април!, порача министерката Тренчевска. мд/лв/

Остани поврзан