• петок, 05 декември 2025

Трајковски: Решен проблемот со водоснабдувањето во село Ѕвегор

Трајковски: Решен проблемот со водоснабдувањето во село Ѕвегор

Делчево, 11 август 2025 (МИА) – По повеќемесечните проблеми со водоснабдувањето во село Ѕвегор, дефектот на водоводната мрежа е отстранет и домаќинствата повторно се снабдуваат со вода, информира градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски.

-По укажувањата кои Општина Делчево во повеќе наврати ги испрати до изведувачот „Бауер БГ“ – Скопје и до Министерството за животна средина, добивме известување дека дефектот е отстранет, мрежата е ставена под напон и снабдувањето со вода е нормализирано, изјави Трајковски.

Општината, како што посочи, испрати барање до Министерството за животна средина во најкраток рок да изврши технички прием на водоснабдителниот систем од изведувачот, по што системот ќе биде предаден на Општина Делчево.

Потоа, управувањето ќе го преземе ЈКП „Брегалница“, кое ќе има целосна надлежност и одговорност за неговото функционирање.

Трајковски апелира жителите рационално да ја користат водата и домаќинствата кои сè уште немаат склучено договор со ЈКП „Брегалница“ да поднесат барање за приклучување кон водоводната мрежа. вс/вј/


Фото: МИА

 

Остани поврзан