Трајковски поради повреда ги пропушта дуелите со Финска и Азербејџан
- Крилниот напаѓач на македонската фудбалска репрезентација Александар Трајковски поради повреда нема да биде во комбинација за настап на двата претстојните пријателски натпревари против Финска
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) – Крилниот напаѓач на македонската фудбалска репрезентација Александар Трајковски поради повреда нема да биде во комбинација за настап на двата претстојните пријателски натпревари против Финска и Азербејџан.
Како што вечерва соопшти ФФМ, станува збор за повреда на листот на ногата и Трајковски нема да биде во можност да му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски.
Стручниот штаб дополнително ќе одлучи дали ќе прати повик до друг фудбалер како замена за повредениот Трајковски.
Македонската репрезентација идната седмица ќе одигра два пријателски натпревари во Скопје, против Финска, в четврток, и против Азербејџан, в недела, на Арената „Тодор Проески“. ег/аа/