• петок, 05 декември 2025

Трајковски освои бронза на Балканијадата во Грција

Трајковски освои бронза на Балканијадата во Грција

Волос, 27 јули 2025 (МИА) - Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски освои бронзен медал во скок во далечина на Балканските игри што се одржуваат во Волос, Грција.

Македонецот до медалот дојде со скок од 7,77 метри остварен во последната серија.

Златото му припадна на Милтиадис Тентоглу од Грција (8,07 метри), а сребрениот медал е за Божидар Сарабујуков од Бугарија (7,90 метри).

-Многу сум среќен што денес освоив бронзен медал за Македонија. Условите со ветерот беа навистина тешки за сите скокачи, па затоа сум навистина задоволен со скокот од 7.77 метри против Милтос Тентоглу. Со подобри услови, денес беше можно и 8 метри, изјави Трајковски по освоениот медал.

Македонецот оваа година Андреас беше финалист на Европското првенство во сала во скок во далечина каде го освои 8 место во Апелдорн (Холандија), а пред еден месец го освои првото место на Европското еипно првенство во Марибор (Словенија). зс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан