• понеделник, 23 декември 2024

Трајановски: Наместо брз автобуски превоз, подземни сообраќајници од Влада до комплекс банки и кружен тек на две нивоа зад Рамстор

Трајановски: Наместо брз автобуски превоз, подземни сообраќајници од Влада до комплекс банки и кружен тек на две нивоа зад Рамстор
Скопје, 21 март 2021 Зошто не треба да се реалзира Брзиот Автобуски Превоз (BUS RAPID TRANSIT - БРТ) Откако во 2017 година Шилегов ја превзема власта на сомнителните избори, се изнаслушавме ветувања и во предизборието и во секоја наредна година. Ветувањата беа за дневно политичка употреба па така од ветување за трaмвај излезе, трамвај на струја, па трaмвај на гуми ( трамвај без шини – инаку тоа се вика тролејбус ) па трамвај на водород, па трамвај на гас, па нарачаа прокект за “Автобуско метро” и стигнавме Брз Автобуски Превоз. Но кога смислувате лаги набрзина се случува да ги заборавите основните постулати а тоа е ИСПЛАТЛИВОСТА, ЕФЕКТОТ И БЕЗБЕДНОСТА на граѓаните и сета лага да ја вклопите во постоечката инфраструктура. Но да одиме по ред, зошто на Скопје не му треба ваква екскурзија наречена Брз Авбтобуски Превоз. - Проектот кој е замислен да се протега од Лисиче до Ѓорче Петров ќе го уништи средишното зеленило на булеварите Видое Смилевски Бато, Јане Сандаски, Кузман Јосифовски-Питу, Кочо Рацин и Партизански одреди. - Патниците треба да поминуваат 3 ленти за да стигнат до автобускта постојка или при излегување од автобусот да го поминат булеварот а не како сега директно од автобусот да се најдат на пешачка зона. Со ова за дупло се загрозува безбедноста. Треба да има пешачки натпатници, што е многу скапо и нема да ги користат. - Дали знаете дека главната водоводна цевка со дијаметар од Ф 1600 мм од која со вода се снабдуваат општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром , Гази Баба, Кисела Вода, Драчево, Зелениково и Студеничани е градена 1967-1968 со заварени челични цевки и се наоѓа на 2 метри длабочина во средишната зона на Булеварот Пертизански одреди така што и најмали осцилации може да имаат фатални последици. Средишната зелена површина преставува заштитна зона на вододната цевка. - Главното облазложение на власта е дека ќе го скрати патувањето за двојно од сегашното што е апсолутна невистина и непостојат никакви сообраќајнио пресметки како би се извело истото. Времето на патување е од излегување од дома до стигнување на крајната дестинација ( работно место, трговски центри, ... ) а не само времето поминато во автобусот БРТ. - Ќе се намали бројот на автобуски станици така да наместо на 500м ќе бидат на близу 1 000 метри со што ќе се одвраќаат патниците да го користат БРТ - На трасата нема да сообраќаат други автобуси освен БРТ што ќе значи дека патниците ќе имаат сигурно по минимум едно прекачување во друг автобус со што ќе се зголеми времето на патувањето - Град Скопје има многу мала траса од само 12 километри која е неисплатлива и ќе нема ефект. Брз Автобуски Превоз прават милионски градови каде трасата е долга мининум 50 км или пак во помали градови каде се користи во одредени временски интервали на одредени релации како дополна на трамвајскиот превоз. - Доколку се сака забрзување на сообраќајот со истите финасиски средства би се изградила подземната сообраќајница од Влада до Комплекс банки која ќе го скрати патувањто за половина час и во авотобускиот и во автомобилскиот превоз од Аеродром до Карпош т.е исток - запад и обратно - Втора рута за која се оставени проекти во градот е подземната сообраќајница позади Рамстор со иновативни кружи текови на две нивоа која комплетно го решава проблемот со сообраќајот од насока Карпош – Кисела Вода и обратно - Изградбата на подземни сообраќајници и забрзување на сообраќајот значително го намалува загадувањето и времето на патување, додека кај БРТ се форсира само автобускиот превоз а се успорува или останува непромент автомобилскиот и велосипедскиот сообраќај. - Со изградба на подземните сообраќајници автомобилскиот сообраќај во централното градско подрачје би се намалил за мин 50 % а со тоа се зголемува просторот за пешачки зони и велосипедски сообраќај. БРТ е авантура од 70 милиони евра + камати нешто кое Скопје и Скопјани не треба да си го дозволат зошто тоа ќе предизвика долгогодишни сообраќајни, безбедносни и финансиски проблеми. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан