Трамп ја разгледува кандидатурата на Рон ДеСантис за министер за одбрана, ако не помине онаа на Пит Хeгсет
- Сè поголем број сенатори во приватни разговори сигнализираат дека не се наклонети да гласаат за потврда на Пит Хегсет за следен министер за одбрана, номиниран од избраниот претседател Доналд Трамп. Ова ги натера советниците на Трамп да разгледуваат и препорачаат потенцијални замени, соопшти денеска „Еј-Би-Си њуз“.
Вашингтон, 4 декември 2024 (МИА) - Сè поголем број сенатори во приватни разговори сигнализираат дека не се наклонети да гласаат за потврда на Пит Хегсет за следен министер за одбрана, номиниран од избраниот претседател Доналд Трамп. Ова ги натера советниците на Трамп да разгледуваат и препорачаат потенцијални замени, соопшти денеска „Еј-Би-Си њуз“.
Се дознава дека најмалку шест сенатори во приватни разговори изразиле намера да не гласаат за Хегсет поради излегување на виделина на голем број случаи на негово недаекватно однесување кон жени.
Иако Трамп и неговите советници приватно истакнале дека избраниот претседателот го поддржува Хегсет и се надева дека „да продолжи да се бори“.
Меѓу потенцијалните кандидати се сенаторката од Ајова Џони Ернст, гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, сенаторот од Тенеси Бил Хагерти и конгресменот од Флорида Мајк Волц, кој Трамп веќе го избра за советник за национална безбедност. Извори блиски до Десантис велат дека тој изразил интерес за оваа улога. Тој синоќа беше забележан со Трамп на комеморација за тројца заменици-шефови на шерифот на округот Палм Бич, кои минатиот месец загинаа во сообраќајна несреќа.
Хегсет синоќа повторно беше на Капитол Хил да бара поддршка, додека се брани од обвиненијата за несоодветно однесување и сексуални непристојности. кб/
фото: ЕПА