• понеделник, 09 март 2026

Трамп тврди дека САД ја уништиле иранската морнарица и авијација

Трамп тврди дека САД ја уништиле иранската морнарица и авијација

Вашингтон, 8 март 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска ја уништила иранската морнарица и воздухопловните сили.

Во изјава за Еј Би Си, Трамп рече дека е потопена „целата иранска морнарица“ односно 44 ирански бродови. Тој тврди дека е уништена и авијацијата и противвоздушната одбрана на Иран.

- Ги нокаутиравме сите нивни воздухопловни сили... Нивните противвоздушни системи се исчезнати. Тие немаат апсолутно никаква одбрана, рече Трамп.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан