• четврток, 26 декември 2024

Трамп со критика до поранешниот американски претседател Буш Помладиот

Трамп со критика до поранешниот американски претседател Буш Помладиот
Вашингтон, 4 мај 2020 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот откако овој повика на обединување на двете партии, Демократската и Републиканската, во напорите во борба против новиот коронавирус. - Ајде да се присетиме колку се мали нашите разногласија во лицето на оваа општа закана, изјави кажа Буш во видео објавено на Твитер викендов. Тој повика да не се партизира кризата бидејќи „луѓето подеднакво се ранливи и подеднакво се прекрасни во лицето на Господ. Се качуваме или паѓаме заедно, но ние несомнено се качуваме“. Во соопштение на Твитер синоќа, Трамп го осуди Буш затоа што тој не се искажал во негова поддршка за време на судскиот процес за отповикување, кој заврши на почетокот на годината. - Го немаше никаде да се јави и да каже нешто против најголемата измислица во американската историја, напиша Трамп на Твитер. Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа отповикување на Трамп лани в декември обвинувајќи го за обид за поткуп на Украина за да се изврши истрага за негов политички ривал. Во фебруари, Сенатот донесе одлука Трамп да биде ослободен од обвиненијата. кб/ми/

Тагови

Остани поврзан