• понеделник, 23 декември 2024

Трамп се согласи на интервју како жртва со ФБИ, кое го истражува неговиот атентат

Трамп се согласи на интервју како жртва со ФБИ, кое го истражува неговиот атентат

Вашингтон, 29 јули 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, се согласи да разговара како жртва со Федералното биро за истраги кое го истражува обидот за атентат врз него. Според Кевин Роџек, специјален агент од ФБИ од канцеларија во Питсбург, интервјуата со жртвите се рутински дел од криминалните истраги, но тие се доброволни.

Роџек изјави за време на конференциска врска дека истражителите ги фокусираат своите напори на откривање на мотивот на 20-годишниот потенцијален убиец.

Томас Метју Крукс бил „многу интелигентен“ и многу заинтересиран за пукање, рече Роџек.

Неговиот примарен социјален круг „изгледа дека бил ограничен на неговото потесно семејство, бидејќи веруваме дека тој имал малку пријатели и познаници во текот на неговиот живот“, рече Роџек.

-Иако истрагата на ФБИ можеби сè уште не го утврдила мотивот, веруваме дека субјектот направил значителни напори да ги прикрие своите активности, рече Роџек.

Според него, освен тоа, ФБИ верува дека тоа што го направил исто така потврдува дека внимателно испланирал сè пред предизборниот митинг.
„Почнувајќи од пролетта 2023 година, субјектот направи повеќе од 25 различни набавки на огнено оружје од онлајн продавачи на огнено оружје користејќи псевдоними“.

Во првата половина на 2024 година, Крукс, исто така, направил шест онлајн набавки на хемиски материјали што се користат за производство на експлозивни направи пронајдени во возилото и домот на субјектот.

Обидот за атентат врз Доналд Трамп, 45-тиот претседател на САД и републиканскиот кандидат за претседателските избори во 2024 година, беше извршено на 13 јули 2024 година, кратко по 18:00 часот по локално време на предизборен митинг во близина на Батлер, Пенсилванија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан