• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп: Постигнавме голем напредок по прашањето за Украина

Трамп: Постигнавме голем напредок по прашањето за Украина

Вашингтон, 25 март 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е постигнат голем напредок во разговорите меѓу САД, Украина и Русија за прашањето за војната во Украина.

„Ние сме во длабоки преговори со двете страни и работите се одвиваат добро“, изјави Трамп.

Тој истакна дека Русија и Украина заеднички ќе го почитуваат прекинот на огнот по вода.

Американскиот претседател додаде дека е постигнат значителен напредок и во однос на ситуацијата на Блискиот Исток. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан