• понеделник, 23 декември 2024

Трамп му врачува Орден на слобдата на конгресменот Џим Џордан 

Трамп му врачува Орден на слобдата на конгресменот Џим Џордан 

Вашингтон, 11 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска му врачува претседателски Орден на слободата на конгресменот Џим Џордан, соопшти прес службата на Белата куќа. 

 -Конгресменот Џордан помогна во откривање на службени прекршувања на законот во највисоките ешалони на владата на САД, Тој е инспирација за слободољубивите Американци низ целиот свет, и е познат како еден од највлијателните конгресмени во својата генерација, се вели во денешното соопштение. 

Џордан бил избран во Претставничкиот дом на државата Охајо во 1994 година, а по осум години стапува во Сенатот на државата. Изминатите 14 години тој е претставник во Претставничкиот дом на САД од четвртиот округ на Охајо. Во 2007 станува член на Комисијата за надзор при Претставничкиот дом, во рамките на која учествувал во важни истраги, како во истрагата за нападот на американската амбасада во Бенгази. 

Орден на слободата е највисоката цивилна награда во САД, а се врачува за постигнувања во националната безбедност, мирот во целиот свет или за културни и други важни општествени или приватни достигања. кб/ сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан