• понеделник, 23 декември 2024

ТППЕ Кичево имаше 198 интервенции во 2021 година

ТППЕ Кичево имаше 198 интервенции во 2021 година
Кичево, 3 јануари 2022 (МИА) - Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Кичево минатата 2021 година имаше 198 интервенции, од кои 178 на пожари и 20 технички интервенции. Во декември ТППЕ Кичево имаше 15 интервенции, од кои 11 на пожари и четири технички интервенции.

-Претходната 2021 година е една од годините со помал број интервенции на ТППЕ Кичево. Во текот на изминатите 12 месеци се забележани 198 интервенции од кои 178 на пожари и 20 технички интервенции, истакна Горан Соколески, командир на ТППЕ Кичево.

Посочи дека во 178-те пожари се вклучени шумски пожари, пожари на депонии, на станбени објекти, сообраќајни средства и други.

-Изминатата година е со најмал број на пожари ако се изземе 2020 година, кога се регистрирани само 159 интервенции од кои 142 интервенции на пожари и 17 технички интервенции. 2019 година е една од рекордните години кога се регистрирани 329 интервенции што е многу повеќе од 2018 година кога се регистрирани 230 интервенции од кои 176 на пожари и 54 технички интервенции, рече  Соколески.

Тој наведе дека декември по бројот на интервенции е во рамките на претходните 11 месеци.

-Во декември 2021 година регистрирани се вкупно 15 интервенции, од кои 11 на пожари и четири технички интервенции. Од овие 11 пожари, најголем број се пожари на отворен простор кога гореше нискостеблеста шума, сува трева, стрништа, електрични броила и возило, додека техничките интервенции се однесуваат на отстранување на паднато дрво, чистење  на големи количества кал наталожени на патот за Осломеј и друго, додаде командирот. за/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан