• недела, 22 декември 2024

Тошковски: Центарот за обука на МВР има сериозен потенцијал, да се размисли за повторно воведување на средното полициско образование

Тошковски: Центарот за обука на МВР има сериозен потенцијал, да се размисли за повторно воведување на средното полициско образование

СООПШТЕНИЕ

31 март 2024

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (31.03.2024) беше во работна посета на Центарот за обука на министерството за внатрешни работи каде оствари работни средби со раководството на Центарот и раководството на Факултетот за безбедност.

На средбата со раководствата се разговараше за тековните активности поврзани со реконструкција на дел од објектите од Центарот кои се во сопственост на МВР, а во кои претстојуваат и следат настава кандидатите за полициски службеници.

„Со раководството на Факултетот за безбедност се разговараше и за дел од објектите кои се користат од двете институции и можноста за заедничка соработка во делот на реконструкција на истите. Исто така, поразговаравме и за целокупниот систем на полициско образование во нашата држава, какви се компаративните искуства во овој дел и потребата од повторно воведување на средно полициско образование.“, рече министерот Тошковски.

По состанокот делегацијата направи обиколка на целиот Центар, изврши увид во тековните градежни активности и разгледа неколку објекти кои претставуваат сериозен капацитет кој не е искористен а е оставен на забот на времето, при што министерот даде насоки на службите веднаш да ги преземат сите административни работи кои ги дозволува законот во овој период  со цел овие капацитети што поскоро да влезат во процедура за реконструкција и нивно ставање во функција.

„На крај, заеднички констатиравме дека Центарот за обука има сериозен потенцијал да прерасне во современ и европски едукативен центар кој ќе продуцира и обучува квалитетни кадри од областа на безбедноста и во кој треба и понатаму да се инвестира, како од кадровски така и од материјално-технички аспект.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерство за внатрешни работи

Фото: МВР

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан