• петок, 22 ноември 2024

Тошковски: Обезбеден е континуитет и навремена испорака на обрасци

Тошковски: Обезбеден е континуитет и навремена испорака на обрасци

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците беше тема на разговор на денешната средба во Атина меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Марк Џулиан Сиверт, претседателот на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи.

На средбата, информираат од МВР, беше заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.

-Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни, посочуваат од МВР. вј/нд/

Фото: МВР

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан