Тотенхем подготвен да плати 70 милиони евра за Савињо
- Фудбалерот на Манчестер сити, Савињо, може да ја продолжи кариерата во Тотенхем.
Лондон, 25 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Савињо, може да ја продолжи кариерата во Тотенхем.
Според „Талкспорт“, за лондонскиот клуб 21-годишниот Бразилец е приоритетна цел откако не успеаја да го потпишат Еберечи Езе.
Спарс се подготвени да платат 70 милиони евра за Савињо.
Во сезоната 2024/25, Савињо одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и имаше 13 асистенции.
Тотенхем има максимални шест бода по две кола во англиската премиер лига. зс/
Фото: ЕПА