Тотенхем му понуди зголемување на платата и две засилувања на Конте во јануари за да го убеди да остане
- Раководството на Тотенхем ќе му понуди нов договор на Антонио Конте со зголемување на платата, објави „The Telegraph“. Според изворот, англискиот клуб е подготвен да ја покачи платата на итал
Лондон, 20 декември 2022 (МИА) – Раководството на Тотенхем ќе му понуди нов договор на Антонио Конте со зголемување на платата, објави „The Telegraph“. Според изворот, англискиот клуб е подготвен да ја покачи платата на италијанскиот стручњак за 1 милион фунти годишно, како и да ангажира двајца нови играчи во зимскиот преоден рок за да го засили тимот.
Забележано е дека Конте не брза со продолжување на договорот. Тој сака да се погрижи да биде поддржан не само во јануари, туку и во летниот преоден рок.
Дополнително, одлуката на италијанскиот стручњак ќе зависи и од желбите на неговото семејство кое се уште живее во Италија.
Конте го презема Тотенхем во 2021 година. Актуелниот договор на тренерот со клубот истекува во летото 2023 година.
Тотенхем е четврти во англиската Премиер лига со 29 бода од 15 натпревари. зс/