• петок, 28 јуни 2024

Тотенхем го совлада Манчестер сити, Мурињо втор пат по ред поуспешен од Гвардиола

Тотенхем го совлада Манчестер сити, Мурињо втор пат по ред поуспешен од Гвардиола
Лондон, 21 ноември 2020 (МИА) – Тотенхем го победи Манчестер сити вечерва во Лондон со 2:0 во дербито на 9. коло од англиската Премиер лига. Со новите три бода „Спарс“ имаат вкупно 20 и избија на чело на табелата каде ќе бидат барем до утре. Дуелот на стадионот на Тотенхем беше интересен и по тренерската пресметка меѓу лутите ривали Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола. За Португалецот ова е втора победа по ред, претходно со истиот резултат славеше на 2 февруари. Во 24 меѓусебни пресметки Мурињо има седум победи, додека Гвардиола остана на 11. зс/

Остани поврзан