Заврши регуларниот дел од Супер лигата со победа на Охрид
- Ракометарите на Охрид со победа го завршија регуларниот дел од Супер лигата откако вечерва славеа победа на гостувањето кај екипата на Пролет со 39:23
Скопје, 24.февруари 2026 (МИА) – Ракометарите на Охрид со победа го завршија регуларниот дел од Супер лигата откако вечерва славеа победа на гостувањето кај екипата на Пролет со 39:23. Со новите два бода охриѓани се зацврстија на третата позиција на табелата воедно и од тоа место ќе продолжат во плејофот. Ова воедно беше и последниот натпревар од регуларниот дел, а екипите од следното коло ќе продолжат во плејофот и плејаутот.
Шесте првопласирани кои ќе се борат за титулата ги пренесуваат бодовите од првите 22 кола, па табелата во плејофот го има следниот изглед: Вардар 42 бода, Еурофарм Пелистер 38, Охрид 37, Алкалоид 35, Бутел 22, Тиквеш 22.
Во плејаутот ќе разигруваат другите шест тима и тие ги пренесуваат бодовите од регуларниот дел од сезоната и табелата го има следниот изглед: Еурофарм Пелистер 21 бод, Прилеп 20, Пролет 13, МРК Куманово 7, Струга 7 и Радовиш 0. мн/
Фото: Фејсбук ГРК Охрид