• петок, 22 ноември 2024

Торино го отпушти Џампаоло

Торино го отпушти Џампаоло
Торино, 18 јануари 2021 (МИА) – Марко Џампаоло е разрешен од функцијата главен тренер на Торино, објави калчолигашот на својата официјална веб-страница. Клубот им се заблагодари на Џампаоло и неговите соработници од стручниот штаб за сработеното. Џампаоло го презеде раководството на Торино во август 2020 година. Под негово водство, тимот одигра 18 натпревари во Серија А, освои 13 бода и се наоѓа во зоната за испаѓање. Полош пласман на табелата во Серија А од Торино имаат само Парма со 13 бода и Кротоне кој досега собра 12 бода. зс/

Остани поврзан