• сабота, 29 јуни 2024

Торес го избра тимот на најдобри фудбалери со кои некогаш играл

Торес го избра тимот на најдобри фудбалери со кои некогаш играл
Мадрид, 21 март 2020 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Фернандо Торес го именуваше тимот на 11 најдобри играчи во светот. Шпанецот ги вклучи играчите со кои претходно настапувал заедно. Во изборот на Торес се најдоа: Јан Облак, Карлес Пујол, Диего Годин, Џон Тери, Чави, Хавиер Маскерано, Чаби Алонсо, Стивен Џерард, Андрес Иниеста, Давид Виља и Торес. Во текот на кариерата 36-годишниот Торес играше за Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи, Милан и Саган Тосу. зс/

Остани поврзан