• четврток, 04 јули 2024

Топло со свежи утра, од четврток попладне дожд

Топло со свежи утра, од четврток попладне дожд

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. В четврток и в петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд, соопшти УХМР. 

Времето утре преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Утрото ќе биде свежо. 

Во Скопје сончево со слаб променлив ветер, со температура од 9 до 27 степени. 

Во следните денови минималната температура ќе се движи од четири до 16 степени, а максималната од 23 до 31 степен. мд/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан