• четврток, 04 јули 2024

Тонали: Против ПСЖ бевме одлични

Тонали: Против ПСЖ бевме одлични

Њукасл, 5 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали, смета дека тимот треба да се гордее со победата над ПСЖ (4:1) во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

 

- Бевме одлични. Го започнавме натпреварот токму онака како што сакавме и точно како што се подготвивме. Уште повеќе енергија ни даде фактот што на пауза заминавме со резултат 2:0. Добро знаевме дека по ваквото прво полувреме, одењето на пауза може да го намали темпото, но наместо тоа излеговме на теренот и веднаш го постигнавме третиот гол, изјави Тонали за „Football Italia“.

 

Њукасл е на првото место во групата Ф со 4 бодови. Во следното коло тимот ќе игра со Борусија Дортмунд на 25 октомври. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан