• четврток, 04 јули 2024

Тејтум и Лилард се најдобрите играчи во првата недела од новата НБА-сезона

Тејтум и Лилард се најдобрите играчи во првата недела од новата НБА-сезона
Бостон, 25 октомври 2022 (МИА) – Играчот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум и членот на Портланд блејзерс, Демијан Лилард, се прогласени за кошаркари во првата недела на НБА-лигата сезона 2022-23 во Источната и Западната конференција, соодветно. Селтикси и Блејзерс ја започнаа сезоната со три победи во три натпревари. Просекот на Тејтум во првата недела беше 34,7 поени и 8,3 скока по натпревар со 58,7 отсто шут од поле. Лилард имаше просек од 34 поени, 5,3 скока и 4,3 асистенции по натпревар. зс/

Остани поврзан