• сабота, 23 ноември 2024

Тејлор Свифт ѝ оддаде почит на девојката која почина на концертот во петокот

Тејлор Свифт ѝ оддаде почит на девојката која почина на концертот во петокот

Рио де Жанеиро, 20 ноември 2023 (МИА) - Тејлор Свифт со една своја песна ѝ оддаде почит на обожавателката која во петокот почина на нејзиниот концерт во Рио де Жанеиро. Со тој потег уметницата ги остави своите обожаватели во солзи.

По трагедијата Свифт ја одложи втората вечер од концертот, а на следната ѝ оддаде почит на починатата со песната „Bigger Than the Whole Sky“ (Поголема од целото небо), каде штo зборува за незамислива тага и болка.

„Збогум, збогум, збогум, ти беше поголема од целото небо, поголема од кусото време“, гласат дел од стиховите во песната.

@tswift_22 BIGGER THAN THE WHOLE SKY (SURPRISE SONG NO.2) @ THE ERAS TOUR RIO, BRAZIL (N2) 🇧🇷 #taylorswift #swiftie #swifties #taylornation #swifttok #tswift #riotstheerastour #erastour #fyp ♬ Bigger Than The Whole Sky - Taylor Swift

„Свиреше за девојка која умре. Плачам“, „Ова ми го скрши срцето“, „Таа се бореше, поради она што се случи. Нејзиниот глас... Нејзините емоции...“, „Тејлор плачеше“, „Може да ја слушнеш тагата во нејзиниот глас“ - гласат од коментарите по изведбата.

Инаку, 23-годишната Клара Беневидеш почина од срцева слабост за време на концертот. Бразилските медиуми јавуваат дека температурата на стадионот достигнала и 60 Целзиусови степени, а било забрането да се носи вода, поради што пејачката ги замолила одговорните да им донесат вода на посетителите.  си/сд/

Фото: ЕПА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан